Станува збор за фотографија на која може да се забележи мртов коњ, при тоа не покриен закачен на камион и без ни малку совест и чувство вози низ улиците во Скопје. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 јануари, 2020 16:51

СРАМОТА ИМА ЛИ НЕКОЈ ДА ГИ КАЗНИ: Мртов коњ закачаен на камион се депортира во депонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Грозоморна слика на скопските улици осамна денеска на социјалните мрежи од „Ремедиум Вет“.

Станува збор за фотографија на која може да се забележи мртов коњ, при тоа не покриен закачен на камион и без ни малку совест и чувство вози низ улиците во Скопје. 

Оваа фотографијата беше споделена на социјалните мрежи од „Ремедиум Вет“.

Јавноста е згрозена од фотографијата, и се коментира дека воопшто не е вкусно да се види вакво нешто, особено поради тоа што се транспортира без никакво чувство, дека станувало збор за живо суштество.

Според коментарите кои кружат на социјалните мрежи коњот требало да биде однесен во депонија.

Секако лоша глетка која предизвикува грозно чувство, особено ако се земе предвид дека фотографијата е направена околу 12 часот, време кога децата заминуваат од училиште, градинка и може да бидат сведоци на овој грозоморен чин.

„Kај и да е и бездомниците вака ќе ги носите накај отпад… дегенерички бездушници!!!
„Да го покријат со нешто коњот барем срамот да не ни се гледа.

Пријавете ја стокава!!! Аман веќе
Без осет! се само дел од коментарите на социјалните мрежи. 

Јавноста бара интервенција од надлежните органи за овој грозоморен чин. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...