Профилот на Ванеса на Инстаграм беше затворен, но вчера таа го отвори и на истиот стави слика од Коби и нивната ќерка кои загинаа пред неколку дена во хеликоптерската несреќа.

Објавил: Весна Петровска | 30 јануари, 2020 16:15

СОПРУГАТА НА КОБИ БРАЈАНТ ВО ШОК И БОЛКА: Утеха ми е што Коби и Џиџи знаеја дека се сакани

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Целиот свет е шокиран од веста за смртта на Коби Брајант, пријателите и колегите се простија од својот пријател и соиграч преку социјалните мрежи и упатуваа искрени пораки со сочуство до сопругата Венеса и неговото семејство.


По три дена од трагедијата се огласи неговата сопруга, Ванеса.

Профилот на Ванеса на Инстаграм беше затворен, но вчера таа го отвори и на истиот стави слика од Коби и нивната ќерка, кои загинаа пред неколку дена во хеликоптерската несреќа.

Во обраќање на социјалните мрежи, Ванеса заблагодарува на милионите луѓе кои сочувствуваат со големата загуба на нејзиното семејство.

„Комплетно сме скрешени“, вели Ванеса за неа и за трите ќерки.

„Нема доволно зборови за да се опише нашата болка. Утеха ми е тоа што Коби и Џиџи знаеја дека се многу сакани“ – стои во дел од пораката на сопругата на Коби.

Ванеса и Коби во брак беа 20 години, имаа четири ќерки. Живтот го почнаа бурно, бракот не го одбруваа неговите родители.

Имаа проблеми и кога Коби беше обвинет за сексуално злоставување и кога ги призна неверствата. Поднесоа и барање за развод, но го повлекоа.

Во последните години живееја мирно и минатата година им се роди и четвртото девојче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.