Вкусна цезар салата!

Објавил: admin@magazin | 1 февруари, 2020 21:48

ЦЕЗАР САЛАТА СО ПИЛЕШКО И ПАРМЕЗАН(видео)

Фото/Текст извор: ©мои рецепти

Летната сезона е карактеристична по салатите, но понекогаш сакате свеж вкус на зелени лисја и зеленчук збогатен со нешто поконкретно што ќе ве засити до следниот оброк.

Цезар салатата е совршено решение со парчиња потпечен леб, пилешко и богат вкусен прелив.

Цезар салата одличен предлог за вашиот утрешен ручек. Изненадете ги вашите пријатели.

Состојки:

1 парче пилешки гради
1 земичка чиабата
50 грама пармезан
2 чешниња лук
5 супени лажици мајонез
2 супени лажици вода
1 главица црвен кромид
2 ротквички
Листови зелена салата
Шери домати
Сол и бибер
Маслиново масло

Подготовка:

Чекор 1: Прво ќе го направиме најважниот дел од Цезар салатата – преливот. Разликата меѓу добра Цезар салата и лоша Цезар салата е само во преливот… Направете го како што треба и имате успешен рецепт.
Ставете исечкани чешниња лук и рендан пармезан во мајонезот и добро измешајте… На крајот ставете вода за да го разредете сосот и да го направите побел. Оставете го на страна за подоцна.

Чекор 2: Исецкајте го белиот леб на мали коцки за крутоните. Ова е уште една можност на рецептот да му дадете вкус… Ние користиме чиабата леб, но ќе одговара било каков леб.
Ставете ги крутоните во тава и веднаш ставете им сол, бибер и маслиново масло… Пржете го лебот често превртувајќи ги парчињата… сакаме тој да добие боја и вкус, но не и да изгори.

Чекор 3: Пресечете го парчето пилешки гради на половина, зачинете го и потоа ставете го во загреаната Делимано Грил тава… Пржете го на обете страни вртејќи го хоризонтално и вертикално за пилешкото да добие вкрстени линии.

Чекор 4: Време е за сервирање: Ќе започнеме со едноставна подлога од зелена салата, а врз неа ќе ставиме крукчиња ротквичка и црвен кромид …
Следни расфрлајте ги крутоните, потоа и пилешкото, а по него ставете парчиња рендан пармезан и на крај преливот… Не срамете се… Накапете од преливот преку целата салата… Сервирањето ќе го завршиме со ротквичка и едноставно купче шери домати.

СОВЕТ: Некои верзии на Цезар салатата вклучуваат и сардели во преливот за тој да биде дополнително солен… Исто така можете да ставите и сланина или колбас за поинаков вкус. Едноставно подгответе ја салатата во голема чинија и земете 2 вилушки за себе и за пријателот.

Уживајте.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.