Лидерот на ДУИ Али Ахмети сведочеше за случајот „Монструм“.
За лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денес, освен обвинителството и одбраната, прашања имаа и родителите на убиените момчиња.
Горан Наќески, таткото на убиениот Александар, го праша Ахмети дали се познава со некого од обвинетите, пишува МКД.
Лидерот на ДУИ одговори дека лично го познава Фејзи Азири, и тоа од 2002-2003 година. Следното прашање на Наќески беше дали на Ахмети му е познато дека обвинетиот Фејзи бил главен логистичар за време на конфликтот во 2001 во Брест, Малино Маало и Танушевци, но судот ова прашање не го дозволи, бидејќи не се однесува на петкратното убиство.
Под чија директива Министерството за правда не потпишува за екстрадиција на бегалците и дали со Вашето политичко влијание и моќ можете да извршите влијание да се екстрадираат убијците?
„А дали стоите на изјавата дека овој настан е срам за Албанците?“, праша Наќески. Ахмети одговори: „Ќе ви го кажам тоа што го мислам и денес, дека нема Албанец што би го правел тоа, но ако извршителите на ова се Албанци, Албанците со плукање ќе ги казнат“.
„ Пред се, ние сакавме вистината да излезе на виделина и да триумфира правдата, само така можат да најдат мир тие кои ги загубија своите најмили, но и не со секој услов да се инструментализира еден виновен туку тој што го има сторено делото и да одговара, да нема селективна правда. Ваквите случаи нас не примораа да размислуваме на ветинг во судството, рече Ахмети.
Јас сум лидер на политичка партија, а не директор на театар одговори Ахмети од пултот во судницата.
Исто така сведочеше и Османи.
„Многу е важно што има повторување на судскиот процес за случајот наречен „Монструм“. Тоа е важно затоа што очигледно првото судење поради чувството на нетранспарентност создаде многу дилеми по однос на епилогот на судењето што потоа придонесе на недоверба на одлуката за процесот, но и недоверба во целиот судски процес” – рече Османи.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.