Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека две нови лица вчера се јавиле со симптоми и биле тестирани на коронавирус. Се работи за маж и жена кај која една третина е парцијално позитивен.
-Првиот случај е маж, возач на камион кој патувал низ северна Италија и имал симптоми на грип. Неговиот тест е негативен на коронавирус. Во вториот случај се работи за жена која со сопругот била на кратка прошетка во Рим. Кај неа тестот една третина е парцијално позитивен што може да биде вкрстена реакција од други вируси и се прават допонителни тестирања на широка палета на вируси, иако верувам дека и овој тест ќе биде негативен, нагласи Филипче.
Филипче информираше и дека пациентката кај која вчера беше потврден првиот случај на коронавирусот во Македонија, се чувствува добро и има лесна форма на клиничка слика.
-Направен е контакт со сите лица со кои контактирале овие патници. Телефонски се исконтактирани сите и укажано им е дека треба да почекаат денеска да бидат контактирани од екипите на епидемиолози и од припадниците на МВР. Кај дел интервјуата се завршени, кај дел се врши во моментов. Добро е што скоро сите укажуваат на тоа дека немале конаткт со голема маса на луѓе, пред се’ контактите им биле во рамки на семејствата, во куќите во кои живеат или во дворовите. На сите ќе им биде назначена изолација, истакна Филипче.
Во 13 часот е закажан и состанок на Комитетот на кој со полициските припадници треба да се договори дали согласно условите на изолација, ќе продолжи домашната изолација или лицата ќе бидат пренесени во претходно утврдени центри со инфективни одделенија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.