Ѓорчев вели добро е што овие три години  граѓаните имаа можност да почувствуваат и да се потсетат како е кога СДСМ е на власт, бидејќи многу ветува пред избори. Ѓорчев ги споредува СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за кои вели се што ветува пред избори се исполнува кога ја предводи Владата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 март, 2020 10:22

Ѓорчев: Програмата за „Живот во Македонија“ на Заев стана програма за живот во Германија, Шведска, Канада…

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вчерашното гостување во емисиајта “Клик Плус“ на телевизија Тв21, Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека воедно програмата за живот во Македонија со која СДСМ настапи и со која ги доби гласовите на македонските граѓани на изборите во 2016 година, стана програма за живот во Германија, Шведска, Канада. Ѓорчев посочува дека одредени делови на Македонија се целосно депопулирани и испразнети .

Ѓорчев вели добро е што овие три години  граѓаните имаа можност да почувствуваат и да се потсетат како е кога СДСМ е на власт, бидејќи многу ветува пред избори. Ѓорчев ги споредува СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за кои вели се што ветува пред избори се исполнува кога ја предводи Владата.

-Многу ветија ништо не исполнија. Ветени беа големи зборови во нивната таканаречена програма за “живот во Македонија“ која што се претвори во програма за егзодус на Македонија, за заминување, за иселување. Она што се случува во Македонија изминативе три години е страшно. Во моментов имаме иселување и во источна Македонија и во западна Македонија. Делови на Македонија се целосно депопулирани и испразнети. А најголем дел на иселувањето затоа што владата на СДСМ не донесе ниту една странска инвестиција. Имаме ситуација каде што 2016 и 2017 година Зоран Заев велеше, гласајте за мене ќе ви донесам живот во Македонија. Таа програма за живот во Македонија стана програма за живот во Германија, во Шведска и во Канада, рече Ѓорчев.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.