Слушам овие ФБ борциве чкрапаат ли чкрапаат натреварувајќи се кој повеќе да го оцрни Сафет Бишевац кој се најде на листата од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавил: Едмонд Бекири | 11 март, 2020 13:28

Македонецот не е само Православен, тој е и Католик, Влав, Муслиман, тој е и Бошњак. МАКЕДОНИЈА е мајка за сите

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Откако вчера доцна навечер и опозиционата партија ВМРО-ДПМНЕ ги обелодени нивните листи за пратеници, јавноста односно фејсбукачите не престанаа со критики кон одлуката на опозицијата да го стави на листата за пратеници Сафет Бишевац кој се сметаше за контраверзен и подржувач на шарената револуција.

Васко Белески на својот фејсбук се осврна исто на оваа тематика и неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

Слушам овие ФБ борциве чкрапаат ли чкрапаат натреварувајќи се кој повеќе да го оцрни Сафет Бишевац кој се најде на листата од ВМРО-ДПМНЕ.

Прво и јас знам луѓе кои се сликаа зо Заев, со Димитров, одеа по тн. шарени револуции, но сум седнал со нив пак и сум нашол заеднички јазик. Нема да навлегувам во тоа зошто тие се сликале со Заев иако во тоа време бомбата за Заев „едно евро за цркавата едно за вицето„ ја имаше слушнато секој Македонец. Нема да навлегувам и во тоа како можеш да се сликаш со криминиалец каков што е Заев и како тоа не си ги препознал манипулациите на Заев?
Сега тоа не е ни важно,најважно е сега , денес во моментов дали си се освестил, и знаеш што правиш, бидејќи нам Македонците ни е дојден ножот под грло, немаме опција на разнебитување туку само на сплотување. А таа во моментов се вика ВМРО-ДПМНЕ

И јас лично не се согласувам со многу политики на ВМРО -ДПМНЕ , но сепак таа политика е најблиска на моето очекување а тоа е ПРАВДА ЗА СИТЕ пред се. Значи мора да се донесе правда бидејки само тоа ке ни донесе и траен мир и инвестиции од надвор. Не сум поборник на НАТО , но свесен сум дека ние како мала држава го одбравме помолото зло. И Христијан Мицкоски не е перфектен и сигурно има уште многу да учи, но човекот не е Никола Груевски кој бегаше од дуели, и беше недостапен за обичниот човек.До Христијан Мицкоски може да дојде секој чесен Македонец, и да разговара како со другар. И да она што не го знаете токму Христијан Мицкоски ќе го покрене прашањето за Македонците од соседството, ајде да му дадеме шанса.
Прво и основно е дека СДСм мора да ја симнеме, М О Р А, тоа е првциот приоритет а потоа верувајте ќе се променат и многу други работи.

Свесен сум дека сега ќе наидам и на такви кои ќе крикикуваат со погрдни зборови но едно ке ви кажам, Македонија има многу горди синови кои неможеле или не им било дадено шанса да дојдат до израз. Сега тоа ќе се промени, и да токму и овие соццијални мрежи ќе бидат искористени за тоа.
Секој кој што сака да му дадам упте повеќе аргументи слободно може да ми се јави во инбокс, ке му одгворам.

ПРИОРИТЕТ Е ДА СЕ СИМНЕ ЗАЕВ И СДС од ВЛАСТ. МАКЕДОНИЈА МОРА ДА СЕ ВРАТИ НА МАКЕДОНЦИТЕ, сите малцинства се добредојдени и со тек на време и тие се Македонци, бидејки Македонецот не е само Православен, тој е и Католик, тоје и Влав, тој е Муслиман, тој е Бошњак. МАКЕДОНИЈА е мајка за сите, заврши со неговито пост Васко Белески

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...