Северна Кореја повторно испалила проектили во Источното море, потврдуваат службите на Јужна Кореја.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 9 март, 2020 11:57

СВЕТОТ ПРЕД НОВА ВОЈНА, Северна Кореја не престанува да провоцира

Фото/Текст извор: ©informer.rs

Северна Кореја не престанува да ги провоцира западните сили и да испраќа порака до Америка со каков воен арсенал всушност располага. Денеска рано наутро, севернокорејската армија испалила три неидентификувани проектили во источното море. Воените вежби кои се се почести и ненајдевени, откриваат дека Северна Кореја често испраќа порака до западните сили дека нема да дозволи да биде нападната и дека ќе пружи силен отпор доколку се случи обид за вестернизација на нивната држава. 

Пред неколку месеци во знак на пријателство и добронамерност, американскиот претседател Трамп му го честита роденденот на Ким Џонг Ун. За возврат денеска ја доби втората провокација и порака за моќта на воениот арсенал со кој располага.

Генерал штабот на Јужна Кореја утрово пренел информација дека забележано е испукување на три неидентификувани проектили од севернокорејскиот град Сондок кон источното море. Јужнокорејските служби непотврдиле за какви проектили станува збор, но изјавиле дека во следните неколку денови ќе работат на истражување на случајот и утврдување на профилот на проектилите. Со тоа ќе се утврди дали проектилите се воена опасност во офанзивна смисла, или се работи за воена вежба со веќе постоечки арсенал на оружје на кој може да се одговори со против воена сила. 

Јужнокорејските власти пренесуваат дека проектилите пролетале 240 км далечина на височина од 35 километри.По добиеното известување Американските власти веднаш реагирале со барање да се истражи за каков вид на проектили станува збор. 

Ова е втор случај на исфрлање на проектили во источното море за една недела. Пред само неколку дена, јужнокорејските власти објавија дека Северна Кореја во источното море исфрлила 2 ракети. Тогаш американската и јужнокорејската армија и истражувачка служба обединето работеа на анализирање на типот на проектилите и воената вежба. Тогаш се утврди дека проектилите биле испалени од севернокорејскиот град – Вонсан 240 км североисточно во правец на источното море. При првичните описи американските и јужнокорејските служби дошле до заклучок дека станува збор или за балистички проектили или за ракетна артиљерија. 

Ова е втор случај со кој одликата на Ким Џонг Ун ја шокираше јавност. Првиот случај беше пред неколку дена кога висок службеник во севернокорејската разознавачка служба се обидел да го прекрши заветот за непатување во Кина и одбил да се придржува на карантинските услови. По тоа, припадникот на разузнавачката служба бил погубен. Во меѓувреме Северна Кореја не потврдила ниту еден случај на корона вирус, но во карантин се наоѓаат неколку лица бидејќи покажале симптоми на настинка. Во меѓувреме Северна Кореја ги затворила сите граници и го спречила движењето во и надвор од Северна Кореја. Стејт Департментот покажа загриженост за состојбата со корона вирусот во Северна Кореја, поради опасност дека таму најбргу ќе се шири вирусот бидејќи има слаба здравствена инфраструктура. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.