На повидок нова афера со [без] распишување тендери во министерството за здравство

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 август, 2018 6:51

Министерот Филипче потпишал Договор во вредност од 700.000 евра без тендер

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за здравство Венко Филипче потпишал договор во четири очи без да распише тендер за изградба на бункер за акцелератор во Клиничката болница во Штип.

Станува збор за договор во вредност од 700 000 евра со грчка фирмата “Интеркат” која веќе ја гради Клиничката болница а подизведувач е фирмата “Бетон” – Штип.

Бункерот чии темели беа ставени уште пред четири години не е составен дел од болницата и неговата изградба не е предвидена во договорот за изградба на болницата затоа што болницата се гради со кредитната линија од Банката на советот на Европа во вредност од 34 милиони евра.

Бункерот е објект со специјално заштитени sидови за да нема зрачење преку нив а во него треба да биде сметен акцелераторот за зрачна терапија на болните од рак.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести