Камчева во судницата истакна дека се плашеле од моќта на поранешната шефица на СЈО Катица Јанева. Таа открива дека најпрво за случајот Рекет го информирала поранешниот директор на УБК, Горан Николовски и со него остварила две средби. На негово прашање зошто нема доверба во институциите таа му одговорила дека пред неа Јовановски разговарал на телефон со многу луѓе од власта, политичари, министерот за внатрешни работи, судии и обвинители.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 декември, 2019 16:17

Камчева пред судиите: Боки разговараше со Оливер Спасовски, oбвинитeли, политичари и со луѓе од власта

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева која денеска во својство на сведок се појави во Кривичен Суд, пред судиите открива зошто не го пријавила случајот Рекет во некоја од државните институции.

Камчева: Боки пред мене разговараше со Оливер Спасовски, cyдии, oбвинитeли, политичари со луѓе од власта

Камчева во судницата истакна дека се плашеле од моќта на поранешната шефица на СЈО Катица Јанева. Таа открива дека најпрво за случајот Рекет го информирала поранешниот директор на УБК, Горан Николовски и со него остварила две средби. На негово прашање зошто нема доверба во институциите таа му одговорила дека пред неа Јовановски разговарал на телефон со многу луѓе од власта, политичари, министерот за внатрешни работи, судии и обвинители.

-На првата средба со Горан Николовски, директор на УБК му кажав дека сум жртва на Рекет му кажав од околу за кои личности станува збор и побарав совет од него кого да информирам. Тој ми кажа дека секако треба да се бориме против криминалот, но ме праша зошто немам доверба во институциите. На ова јас му одговорив дека во мое присуство Бојан Јовановски има разговарано со многу судии, обвинители, многу политичари со луѓе од власта, министерот за внатрешни работи, вели Камчева.

Ана Камчева пред судиите посочи дека со Николовски се сретнала два пати.

-Остварив две средби со Горан Николовски, првата средба беше пред да се милионот на кој што јас му кажав дека ова станува неподносливо за мене и моето семејство и дека се бараат многу пари од нас, додаде таа.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.