Панки наводно се барал и со европска потерница, распишана од германските власти за учество во мрежа што пред 13 години крадела податоци од картички на банкомати.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 март, 2019 17:43

Панки од „Куку Леле“ е Македонецот уапсен на грчка граница?

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Утринава во медиумите одекна веста дека 52 годишен Македонец бил уапрен при влез во Грција. 

Имено според неофицијални извори на Нетпрес се работи за познатиот пејач, член на групата „Куку Леле“,Сашо Кимовски или познат како Панки.

Панки наводно се барал и со европска потерница, распишана од германските власти за учество во мрежа што пред 13 години крадела податоци од картички на банкомати.

Во мај 2008 година А1 објави дека Панки бил уапсен од грчката полиција и предаден на италијанските власти

Панки е осомничен дека во 2006 од два банкомати во Минхен, украл податоци и лозинки на кредитни и дебитни картички со поставување на микроскопски чипови што ги снимале податоците и со поставување на дополнителна тастатура и тој заедно со уште две лица со украдените податоци правеле картички – клонови и подигале пари во различни земји, предизвикувајќи штета од над 1.3 милиони евра, од кои над 200 илјади само во Германија. Мрежата била активна и во Македонија, Грција, Италија, Франција и Бугарија.

Утринава грчката новинска агенција АНА-МПА, изјави дека едно лице е уапсено при влез во земјата, а по него германските власти распишале потерница за учество во мрежа што пред 13 години крадела податоци од картички на банкомати.

Уапсениот македонец е изведен пред јавен обвинител во Солун, а во следниот период надлежниот суд ќе одлучи дали ќе биде екстрадиран во Германија или не. Инаку уште во 2008 година телевизија А1 имаше објавено дека Панки од „Куку Леле“ бил уапсен поради овој случај.

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.