Даут Харадинај, помладиот брат на Рамуш Харадинај го притвори Австриската полиција, но беше пуштен веднаш после краток разговор, наведе Нитај.

Објавил: Рејхан Бајрами | 18 јули, 2019 17:42

НАЈНОВА ВЕСТ: Уапсен братот на косовскиот премиер, РАМУШ ХАРАДИНАЈ!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Братот на косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, Даут Харадинај, уапсен е во Австрија, поради меѓународната потерница која за него ја распиша Србија.

Даут Харадинај бил на кратко приведен на аеродромот во Австрија, пишува Курир.рс.

Меѓутоа, Даут Харадинај ја негирал оваа вест дека бил уапсен и во изјава за медиумите, соопштил дека бил само на кратко задржан на аеродромот.

Тоа не е точно, Австриската полиција ме задржа само на неколку минути. Не сум уапсен, ниту задржан, изјави Харадинај.

Братот на косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, Даут Харадинај, уапсен е во Австрија, после меѓународната потерница која за него ја распиша Србија.

Тој додаде дека слободно се движи во Виена и дека ќе продолжи да ги реализира своите планови. Харадинај бил притворен околу 14:30 часот, а оваа информација ја потврди и портпаролот на Алијансата за иднина на Косово, Мухарем Нитај.

Даут Харадинај, помладиот брат на Рамуш Харадинај го притвори Австриската полиција, но беше пуштен веднаш после краток разговор, наведе Нитај.

Врз основа на истата потерница, беше уапсен и неговиот брат Рамуш Харадинај на 4 јануари 2016-та година, од страна на француската полиција на аеродромот во Мулхаус.

Рамуш Харадинај е поранешен герилски водич на ОВК и поранешен премиер на Косово.

Обвинет е за воени злосторства врз Србите за време на Косовската војна. Харадинај бил обвинет од правосудните органи во Србија за воени злосторства за време на војната во Косово, поради што е издадена меѓународна потерница по него.

Врз основа на тоа, кон крајот на 2016 година, Харадинај бил уапсен во Франција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести