Свештеникот Стеван Здравевски: „Бог да го прости татко ти да му е лесна земја, но јас се заколнав дека на предавници не пеам и не служам опело„

Објавил: Македонка Димкин | 8 јули, 2018 19:49

Скандал во Битола: Свештеник од Преспанско-пелагониската епархија одбил да служи опело!

Фото/Текст извор: ©архива / читаел

До редакцијата на МАГАЗИН пристигна веста за наводно одбивање на свештено лице да изврши погреб.

Вo Битола пред скоро една недела починал почитуваниот татко на поранешниот пратеник на СДСМ Васко Ковачевски.

Поранешниот пратеник сакал што побргу да ги заврши обврските околу погребот и се упатил на гробиштата Св. Недела во Битола. Екс пратеникот налетал на свештеникот Стефан Здравевски кој во  моментот бил во служба (инаку на Битолската јавност познат како поддржувач и говорник на протестите против промена на уставното име на Република Македонија) и му соопштил за несреќната случка во врска со неговиот татко. Свештеникот ја примил веста и изразил сочувство и  му рекол:

Бог да го прости татко ти да му е лесна земја, но јас се заколнав дека на предавници не пеам и не служам опело

Васко Ковачевски е роден на 6.7.1969 во Битола. Тој е Магистер по менаџмент на човечки ресурси завршил на Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје.

Пратеникот по ова видно возбуден и зачуден пробал да го побара Заев а откога не го добил, се јавил кај дедо Стефан.
После ова на свештеникот лично се јавил дедо Стефан  со заканувачки тон, на што свештеникот му  одговорил дека тој дал збор, се заколнал и својот збор по никоја цена нема да го прегази.

Веднаш потоа притисок на свештеникот извршил и владиката Петар но според нашиот читател се било залудно, свештеникот Стеван Здравески од Преспанско-пелагониската епархија со која раководи г. Петар, не подлегнал на притисоците.

Почитуваниот татко од поранешниот пратеник од редовите на СДСМ бил погребан од друго свештено лице.


Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ Васко Ковачевски од 12. Јануари 2018 е и официјално е нов директор на РЕК-Битола со што тој го враќа мандатот од гласачите и влегува во бизнисот. Во едно интервју тој вели дека смета дека доволно направи лза граѓаните и после два циклуси во Собранието сега е време за оперативна работа.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Игор Петрески, претседател на здружението „Карпалак“ е разочаран и стојат на ставот дека биле предадени и „наместени“. Вели дека многу се ветуваше, но не е направено!

21 година од трагичниот настан кај местото Карпалак на патот Скопје

На 8 август 2001 година кај месноста Карпалак загинаа: Сашо Китаноски, Нане Наумоски,...

Шест месеци пред своето јавување на Пресветата Дева Марија во Назарет, великиот архангел Божји Гавриил му се јавил на првосвештеникот Захариј во ерусалимскиот храм

ЗА МНОГУ ГОДИНИ ИВАНДЕН: Цвеќето има магична моќ!

Денеска се празнува Свети Јован- летен, повеќе познат како Иванден, денот на раѓањето...

Огромна река народ од десетици илјади ги преплавуваат улиците во протестот против бугаризација на Македонија со предлогот на Европската Унија.

ПРОТЕСТИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ – ВЛАДАТА УТРЕ ЌЕ ГО УСВОЈУВА ПОНИЖУВАЧКИОТ ПРЕДЛОГ!

ПРОТЕСТИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ – ВЛАДАТА УТРЕ ЌЕ ГО УСВОЈУВА ПОНИЖУВАЧКИОТ ПРЕДЛОГ! Огромна...

Средбата е дел од низата планирани консултативни средби на Ковачевски со лидерите на опозицијата, како дел од широката консултација за предлогот на француското претседателство.

Почна средбата Ковачевски – Мицкоски во Клубот на пратениците

Почна средбата Ковачевски – Мицкоски во Клубот на пратениците! Во Клубот на пратениците...