Во Европската Унија се поголем е скептицизмот кон потребата од понатамошното проширување со нови земји членки

Објавил: Данаил Михајловски | 7 март, 2019 15:19

Франција и Данска се против зачленувањето на Македонија во ЕУ!

Фото/Текст извор: ©магазин

Според последното истражување на јавното мислење во седум ЕУ членки, објавено во Лондон, каде граѓаните одговараат која држава треба да биде нова членка на ЕУ, само 24% од Французите би сакале да ја видат Македонија во Унијата, додека 44% се против. Во Данска соодносот е 38% „против“ членството на Македонија во ЕУ, наспроти 30% „за“, додека во Финска 32% не не прифаќаат, а 31% се позитивни за нашиот прием.

Додека очекувано, во големо мнозинство се изјасниле дека во европското друштво сакаат да ги видат Швајцарија, Норвешка и Исланд, за другите аспиранти поддршката е мала, а конкретно за нашата земја резултатите се главно негативни. Само 24 проценти од Французите би сакале да не видат во ЕУ, додека против се дури 44 отсто. И мнозинството Германци, Данци и Финци не ја сакаат земјава во ЕУ.

Француската министерка за европски прашања Натали Лоазо пред неколку дена го потсети министерот Димитров дека одлуката за почеток на преговори ја носат заеднички сите 27 членки на ЕУ, и со тоа имплицитно упати порака дека Македонија можеби и не треба да е изненадена доколку во Јуни не добие одлука за отпочнување на преговорите. Спротивно на тоа, Димитров и Заев лани за време на референдумот за смена на името, ги убедуваа граѓаните дека датумот за преговори веќе е добиен, и го претставија тоа како огромен успех. Кој ли лаже?

Во Германија 39% се „против“, 34% се „за“, а спротивно на тоа кај Швеѓаните имаме позитивен скор, 40% поддржуваат прием на земјава, а 27% се против. Францускиот претседател макрон почна кампања во која повикува на заштита на Европскиот континент. Воведување ред во Шенген зоната, исполнување на обврските од сите држави, одговорност, солидарност, почитување на заедничките правила, но проширувањето воопшто не го споменува. Инаку токму францускиот претседател минатата година на Европскиот парламент му порача дека ЕУ треба да размислува за проширување со нови членки само откако ќе претрпи фундаментални реформи.

Инаку БРЕГЗИТ, мигрантите и распределбата на финансиите ги нагризуваат односите меѓу земјите во Унијата, а во пресрет на изборите за Европскиот парламент во мај поделеноста и скептицизмот особено се заоструваат. Во тој правец Макрон речиси драматично им пишува на европските граѓани дека овие избори се решавачки за иднината на континентот и дека никогаш од Втората светска војна наваму Европа не била во толку голема опасност.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.