Откако над 100 од вкупно 500 патници во авион кој патувал на релација Дубаи - САД, се пожалиле на висока температура и мачнина, ставен во карантин на аеродромот во Њујорк

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 септември, 2018 8:48

Авион од Дубаи под карантин во Њујорк, им се слошило на стотина патници

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Патнички авион од Дубаи што слетал на аеродромот ЏФК во Њујорк бил ставен под карантин откако над 100 од вкупно 500 патници се пожалиле на висока температура и мачнина.

Се уште нема информации што може да е извор на масовното заболување на патниците. Според првичните информации, патниците што се заболени имаат треска, со температури до 38 степени.

Медиуми и патници во Њујорк јавуват дека голем број амбулантни возила се движат околу авионот. На аеродромот биле забележани и припадници на Секретаријатот за заштита на татковината – водечката служба за безбедност од надворешни закани во САД.

Досега само на неколкумина членови на екипажот им било дозволено да го напуштат леталото.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.