Изведен првиот лет на кинескиот авион Ц919, конкурент на Боинг и Ербас

Објавил: Македонка Димкин | 29 мај, 2023 10:24

Кина го освојува и воздушниот простор со свои Авиони

Фото/Текст извор: ©Фокус

Првиот голем кинески патнички авион од домашно производство го изврши својот прв комерцијален лет во неделата, летајќи од Шангај до Пекинг, објави кинеската државна новинска агенција „Ксинхуа“

Летот на MU9191 на China Eastern Airlines, новиот авион Ц919 со тесно тело тргна од Шангај во 10:32 часот по локално време. Тој беше пречекан со воден поздрав откако слета на меѓународниот аеродром во Пекинг во 12:31 часот.

По долгогодишно истражување и развој, лансирањето на C919 се смета за клучен момент во стратегијата на Пекинг „Произведено во Кина 2025“, која има за цел да го поттикне локалното производство, вклучително и со намалување на зависноста од странски авиони за нивниот авијациски сектор.

„Првиот комерцијален лет е церемонија на полнолетство на новиот авион, а Ц919 ќе станува се подобар и подобар ако го издржи тестот на пазарот“, рече Џанг Ксијаогуанг, директор на одделот за маркетинг и продажба на COMAC,  пренесе агенцијата „Ксинхуа“.

Со дострел до 5.555 километри или 3.452 милји, Ц919 ќе биде конкурент со двата најголеми светски производители на авиони, Ербас и Боинг. Тоа ќе биде директен конкурент на нивните авиони со тесно тело А320 и Б737, кои најчесто се користат за домашни и регионални меѓународни летови.

Изграден од COMAC (Commercial Aircraft Corporation of China) во Кина, првиот C919 беше испорачан на „China Eastern Airlines“ во декември лани и оттогаш мина низ серија тест летови.

Авионот со една патека и со два мотори има 164 седишта во конфигурација на кабина со две класи, составена од деловни и економични седишта.

Според Шангајскиот извештај за напредокот на науката и технологијата за минатата година, издаден од владата на Шангај, 32 клиенти направиле вкупно 1.035 нарачки за авионот до крајот на 2022 година.

Многу од главните елементи на авионот, како што се носот, трупот, надворешното крило, вертикалниот стабилизатор и хоризонталниот стабилизатор беа дизајнирани од COMAC.

Сепак, компанијата ги повика западните компании да помогнат со некои компоненти. Ова ги вклучува моторите на авионот LEAP-1C, кои беа развиени од CFM International, заедничко вложување помеѓу General Electric и француската високотехнолошка индустриска групација Safran.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.