Фамозната компанија "Тритерол ДООЕЛ Струмица" имала и договор со Шекеринска и МО за превоз на безбедносните единици на АРМ, што е сомнеж за класичен партиски непотизам

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 октомври, 2018 14:39

Автобусот во кој ќе изгореа припадници на АРМ бил на “Тритерол”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Магазин.мк веќе пишуваше за фамозната компанија од Струмица, “Тритерол”, која денес индиретно беше учесник во инцидент во кој животот можеа да го загубат припадници на АРМ.

Имено утрово околу 06:30 часот, на релацијата Пробиштип касарна „Илинден“ се запали автобус на АРМ.

Реакции на припадниците на Армијата на Република Македонија, кои се однесуваат на Шекеринска како министер која на јавни набавки потроши огроми суми за морски плодови за министерството за одбрана.

Автобусот возел на релација Пробиштип – касарната „Илинден“, a според неофицијални податоци внатре имало 30-тина војници, кои едвај се спасиле.

При спасувањето не успеале да ја земат опремата со нив, со што значи дека опремата е изгорена.

Автобусот кој ги превезувал војниците припаѓал на “Тритерол ДООЕЛ Струмица” т.е. за фирма која важи за блиска до Заеви, а на јавноста и е позната по транспортот на партиски војници кои се носеа по градовите за протести и партиски собири.

Имено фирмата „Тритерол“ има склучено договор со МО да превезува војници од 04.11.2017 до 04.11.2018, со што има земено околу 8.526.894,60 денари.

По денешниот инцидент се поставува прашањето дали министерката за одбрана Радмила Шекеринска го направила изборот според критериум на квалитет на услуга и безбедност, или со цел блиски до власта да се полнат пари?

Функционер на СДСМ вмешан во ,,незаконски” превоз на ученици?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.