Митовски објави дека двајцата напаѓачи се познати кои цел ден чекале на улицата каде што живее Палчо!

Објавил: Владо Марин | 18 септември, 2020 3:31

ФОТО: Палевски и Митовски од болница порачаа дека напаѓачите се познати: Цел ден чекале на улицата каде што живее Палчо

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Фотографија од болничката соба во која е хоспитализиран Љупчо Палевски откако вчера на пладне беше нападнат пред неговиот дом во Скопје објави уредникот на порталот Инфомакс, Александар Митовски.

Митовски објави дека двајцата напаѓачи се веќе познати, кои цел ден чекале на улицата каде што живее Палчо.

Снимени се на сите камери. Со и без кациги. Сега останува ред уште полицијата која се пофали со системот “Сејф Сити” да ги потврди овие информации, вели Митовски!

Љупчо Палевски пренесен во болница откако беше брутално претепан!

За нападот објави и неговата партија на Фејсбук од каде велат дека Палевски бил тепан од две лица со кациги, а при нападот биле користени шипки и боксирачи.

Палевски беше хоспитализиран во приватната болница Систина со нанесени тешки телесни повреди. 

Палевски лани беше приведен во Србија по потерница од хрватските власти, а и во Македонија имаше кривична пријава против него откако преку мегафон пушташе бомби.

Повторно е приведен летово поради прекршување на мерката – изолација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...