Откако директорот на Хотел "Молика" ги оневозможи во обновата на планинарскиот дом "Копански" планинарите од "Пелистер" со работна акција низ Битола

Објавил: Мирко Бачиќ | 22 август, 2018 10:40

Ако не можат Копанки планинарите ќе ја уредат Битола

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Планинарскиот дом “Копански” за чија работа се грижи пранинарското друштво “Пелистер” поради неможноста да премине во владение на општина Битола а со тоа негов концесионер да стане и Хотел “Молика” прави застој во работите откако директорот на објектот нареди да се извадат корпите од жичарата кои беа неопходни за дотур на градежен материјал.

Членовите на планинарското друштво “Пелистер” одлучни ако не можат да работат на обнова на планинарскиот дом “Копанки” ќе го уредуваат градот.

На оваа информација глуви останаа и локалните и централните власти иако сите ја “поддржуваат” иницијативата “Копанки” по опожарувањето во 2013-та година повторно да биде во функција.

Бидејќи целиот процес е стопиран членовите на планинарското друштво “Пелистер” решија да им помогнат на локалните власти во Битола па за почеток ги обоија дел од пешачките премини во центарот на градот кои веќе не се ни гледаа.

На својата страна на социјалните мрежи активистите на пранинарското друштво “Пелистер” и со краток коментар кој би требало да е директна порака дека ако се сака може да им се помогне што е можно побрзо да го обноват “Копанки”.

“Поради опструкциите што ги трпиме при обновата на планинарскиот дом “Копанки” спречени сме интензивно и секојдневно да работиме врз неговата санација.

Затоа дел од нашето време и од донираните пари одлучивме да ги ставиме пак во служба на граѓаните но овојпат во функција на безбедноста на нашите деца.

Во пресрет на новата учебна година одвојуваме дел од донираните средства и планираме да ги обележиме пешачките премини пред битолските училишта кои се во катастрофална состојба (дали само тие?!)

Започнуваме на приодите кон ОУ “Гоце Делчев” а утре пред …

Од народ за народ – од срце за Битола!

“Копанки за сите –  сите за Копанки”

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести