Ограничувањето на движењето почнува од полноќ од 00 часот и трае до 04 наутро.

Објавил: admin@magazin | 19 мај, 2021 8:18

Активните мерки за ограничување на движењето продолжуваат да важат до 1 јуни 2021 година

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Активните мерки за ограничување на движењето продолжуваат да важат до 1 јуни 2021 година.

Владината прес-служба соопшти дека на вчерашната седница, на препорака на Комисијата за заразни болести, Владата донесе заклучок активните мерки за ограничување на движењето наместо до 18 мај, да продолжат со важност до 1 јуни 2021 година.

Министерот за здравство Венко Филипче пред неколку дена изјави дека иако нема влошување на епидемолошката состојба заради попуштањето на рестриктивните мерки, сепак мерките што во моментов се во сила, треба да останат уште најмалку една недела.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.