На планините врнежите ќе бидат од снег каде снежната покривка ЗНАЧИТЕЛНО ќе се зголеми.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 јануари, 2021 10:10

АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Почнувајќи од денес особено попладне и во текот на ноќта и тоа претежно во западните предели ќе има врнежи од дожд кој ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и истите во следните денови ќе се прошират и во останатите предели.

На планините врнежите ќе бидат од снег каде снежната покривка ЗНАЧИТЕЛНО ќе се зголеми.

Локално и тоа особено во западните предели се очекува да наврне ГОЛЕМО количество на воден талог и тоа во следниот период ( локално и над 50 – 60 л/м2 воден талог). Токму поради ова има услови за зголемување на нивоата на реките и на езерата. Повремено ќе дува умерен, на некои места засилен ветер од јужен правец.

Температурите на воздухот и понатаму ќе бидат релативно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

Слично време се очекува и во Скопскиот регион, што значи дека ќе има повремени врнежи од дожд кој повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ.

Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 10 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...