Најново метео

Објавил: admin@magazin | 13 септември, 2023 6:07

Во наредните 10 дена вистинско септемвриско лето во Македонија, но од петок со изолирана попладневна нестабилност!

Фото/Текст извор: ©магазин

Нашата територија, но и територијата на целиот регион во следните дестина дена ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса која продира од југ (северните предели на Африка).

Времето ќе биде сончево со натпросечно високи максимални дневни температури на воздухот, додека наутро и понатаму ќе биде свежо.

Од средината на оваа седмица локално ќе има повеќе облачност, а од петок и за време на викендот во попладневните часови ќе има изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. И во делови од Скопската котлина од петок попладне ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 17 степени, додека особено во Малешевијата температурата ќе се спушта и под 10 степени, а максималните дневни температури на воздухот како што кажавме ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени.

Ув индексот во следните неколку денови ќе има висока вредност и ќе изнесува 7.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...