Илир Мета со Папата Франциско ќе разговараат на актуелни општествени теми и теми од верскиот живот, за Кардиналот Ернест Симони Трошани но и Светицата Мајка Тереза

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 септември, 2018 6:43

Албанскиот претседател денес во посета на Ватикан

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Шефот на албанската држава, Илир Мета, денес ќе оствари официјална посета на Ватикан, каде на посебна аудиенција ќе биде примен од Папата Франциско.

Пред средбата со Папата, Мета во интервју за престижниот италијански весник “Ил Месагеро” зборуваше и за посебното внимание што Папата го посветува за Албанија.

Ние сме му многу благодарни на Папата за посебното внимание кое го посветува за Албанија и за подршката на нашиот вековен верски соживот. Пред се нашата земја е земја на Светицата Мајка Тереза и на Кардиналот Ернест Симони Трошани, малтретиран со декади во комунистичките затвори заедно со десеттици други светеници, изјавил Мета.

Тој се осврна и на економската соработка со Италија, посочувајќи дека Италија е прв трговски партнер на Албанија.

Половина од албанскиит извоз се реалзира во Италија. Туризмот бележи раст, како и присуството на италијански оператори во овој сектор. Сега ни треба поголема подршка и иницијатива со цел да ја зголемиме соработката и благосостојбата на нашите граѓани, оцени Мета.

Исто така, нагласи дека, потребна е поголема соработка во правец на модернизација на инфраструктурата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.