Алегри застана во одбрана на Роналдо

Објавил: admin@magazin | 2 септември, 2018 14:11

Алегри проговори за слабата форма на Кристијано Роналдо

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Потешко од очекувањата Јувентус синоќа славеше на гостувањето кај Парма со 1:2, а најзаслужен за победата беше популарниот Супер Марио Манџукиќ, кој учествуваше во двата гола на торинскиот великан.

Мрежата на домаќините тој на начна уште во втората минута. Одлично прифати топка која од десната страна му ја центрираше Квадрадо, а потоа ја провлече низ нозете на голманот на Парма за рано водство на својот тим. За вториот гол во 58-та минута одлично со пета му асистираше на Матуиди, кој ги постави конечните 1:2.

Момците одиграа многу добро. Парма секогаш е тежок противник, во последните пет натпревари на гости успеавме да славиме само еднаш. Нивната примарна цел оваа сезона е да изборат опстанок во лигата. Многу се добро организирани и опасни од контра напади, но како натпреварот минуваше така и тие паѓаа со силата. Ја заслуживме оваа победа, но имаме уште многу работа, започна тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри по крајот на мечот.

Јувентус ова лето во своите редови го доведе големиот Кристијано Роналдо, кој сепак се уште се бара во Серија А, а покрај ваков Манџукиќ ќе има пеколно тешка задача да дојде до израз.

Различни се предизвиците со кои напаѓач мора да се носи во Серија, но би рекол дека денеска одигра добро. Задоволен сум со неговата работа, а репрезентативната пауза на сите ќе им дојде добро, застана Алегри во одбрана на Роналдо, кој се уште го чека својот официјален првенец гол во дресот на Јувентус.

А запрашан за Манџукиќ, немаше потреба да го оправдува. Хрватскиот напаѓач го воодушевил.

Манџукиќ секогаш се дава целосно за тимот, но дури ниту јас не можев да замислам дека ќе биде во ваква одлична форма по Светското првенство.

Во првиот натпревар од домашното првенство тој влезе од клупата во второто полувреме, а другите два играше од првата минута и беше брилијантен. Во три настапи тој има два гола и една асистенција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален...

Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!

Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СВЕТСКО ЧУДО: Ја победи Италија на нејзин терен и обезбеди финален бараж за Мундијал!

Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден...