Александар ја освои наградата на изборот кој се одржа во Келн, Германија. Тој има 31 година и со својот шарм, но и тоа што се покажа како најдобар во неколку дисциплини, интервју, писмен тест, личен проект и фотогеничност успеа да дојде до оваа награда објави „Лупа.бг“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 јули, 2019 14:03

Александар Петров од Бугарија ја освои наградата „Мистер геј на Европа“ (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

31-годишниот Александар Петров од Бугарија се појави на натпреварот и ја освои титулата на овогодинешниот натпревар Mistress Gay Europe, пишува порталот Lupa.bg.

Александар ја освои наградата на изборот кој се одржа во Келн, Германија. Тој има 31 година и со својот шарм, но и тоа што се покажа како најдобар во неколку дисциплини, интервју, писмен тест, личен проект и фотогеничност успеа да дојде до оваа награда објави „Лупа.бг“.

Александар Петров од Бугарија ја освои наградата „Мистер геј на Европа“ на изборот кој се одржа во Келн, Германија

Инаку Александар го освои првото место откако успеа да ги надмине учесниците кои требаа да одговорат на осум различни предизвици. Токму Александар победи во четири од нив и успеа да освои 211 поени од 240 можни.

26 годишниот Матијас де Ровер со 198 поени го освои второто место, а германскиот претставник Марсел Даннер (30) се рангираше на третото место со 174 поени.

Белгискиот кандидат пак успеа да го освои предизвикот во социјалните мрежи а германскиот претставник пак го освои предизвикот во онлајн гласање.

Како што објави организаторот на натпреварот деталите за гласањето ќе бидат објавени во наредните денови. Инаку гласањето и акумулацијата на поени е контролирано од адвокат.

Бугарскиот претставник кој успеа да ја однесе титулата „Мистер геј на Европа“ , Александар, дипломирал економија и студирал филозофија и психологија. Во моментов работи во казино.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.