Одлуката била дека може да се вее само американското знаме

Објавил: Узунов Бобан | 12 јуни, 2019 8:40

Трамп ги забрани геј знамињата на американските амбасади низ целиот свет

Фото/Текст извор: ©магазин

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, во интервју за Ен-Би-Си (NBC) ја бранеше одлуката на администрацијата на Доналд Трамп да забрани на амбасадите да се вее знамето на виножитото во текот на месецот (јуни), кога се организираат геј паради.

Според Пенс, забраната е „вистинската одлука”. Потпретседателот на САД рече: „Ние се гордееме што му служиме на секој Американец”, но „кога станува збор за американските амбасади и главните градови во светот, само едно американско знаме се вее”.

На најмалку четири амбасади на САД, во Израел, Германија, Бразил и Латвија не им било дозволено да го постават знамето на виножитото. Ричард Гренел, амбасадорот на САД во Германија, кој призна дека е геј, води американска кампања за декриминализација на хомосексуалноста во светот. Тој најави дека би бил „горд” да го развее знамето на виножитото.

Пенс, кој претходно беше критикуван поради предупредување дека ќе има „распаѓање на општеството”, ако им се дозволи на хомосексуалците да стапуваат во брак, изјави дека администрацијата на Трамп не им наметнува ограничувања на американските амбасади да постават знаме на виножито или други знамиња на други места во мисијата.

Но државниот секретар Мајк Помпео верува дека држачот за знаме во амбасадите мора да биде сочуван само за знамето на САД.

И покрај забраната, некои амбасади и конзулати, најмногу американските мисии во Сеул, Јужна Кореја, и Ченаи во Индија, закачија големи знамиња на виножито на фасадите. Амбасадата во Њу Делхи беше покриена со боите на виножитото.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести