Ахмети по "успешен" референдум по кој ќе се имплементира и Законот за јазиците, ќе почека и избор на Албанец за претседател, па ќе се пензионира, по втор пат,

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 септември, 2018 8:37

Али си заминува од ДУИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Централниот одбор на Демократската унија за интеграција на вчерашната седница, што се одржала во Скопје, едногласно донел одлука за пролонгирање на петиот конгрес.

Али Ахмети е претседател на Демократската унија за интеграција која е политичко крило на терористичката ОНА. Ахмети има забрана за влез во САД, Швајцарија и други европски земји како закана по општата безбедност. Во 1980 година станува член на илегалната организација “Марксисти – ленинисти на Косово”. Ахмети боледува од шизофренија дијагностицирана во Швајцарија од каде е оценет за неспособен за труд. Бил и 2 години затвор за противуставни дејности во Македонија. Директно е виновен за убиство на над 25 македонски бранители во 2001-ва. Ахмети по протерувањето од Швајцарија од Владата на СДСМ во 2002-та почнува за зема инвалидска пензија.

Членовите на ЦО на ДУИ  оцениле дека сите свои капацитети оваа година партијата ги посветила на јазичната рамноправност, итните реформи, договорот за добрососедство со Бугарија, преспанскиот договор, добивањето на поканата за членство во НАТО и датумот за почеток на преговорите со ЕУ.

Заокружувањето на овој процес со успешното одржување на референдумот и уставните измени е од приоритетна апсолутна важност за ДУИ и за граѓаните. По успешното заокружување на овие обврски и очекувањата на граѓаните, ЦО на ДУИ  повторно ќе одржи состанок за да донесе одлука за одржување на конгресот и да изготви стратегија за градење на партијата и за следните две децении, наведуваат од ДУИ.

Во мај годинава беше најавено дека конгресот на ДУИ ќе се одржи во текот на летото.

Тогаш се појавија и информации за можно повлекување на Али Ахмети од лидерската позиција во партијата, на чие чело е уште од формирањето во 2002 година. Според одредени информации, пак, Ахмети најавил повлекување од кормилото по приемот на Македонија во НАТО.

Али Ахмети, би можел да се повлече од претседателската функција на ДУИ по официјалниот прием на Македонија во НАТО, најверојатно во 2020-та.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.