Американскиот Сенат завчера донесе нов пакет помош од 500 милијарди долари за поддршка на малите и средните бизниси поради кризата со епидемијата на ковид-19, како и да им помогне на болниците во тестирањето на коронавирусот.
Бизнисите со помалку од 500 вработени добиваат заем од 320 милијарди американски долари, јави „Си-ен-ен“.
Според информациите објавени во американските медиуми, болниците ќе добијат помош од 75 милијарди долари, 25 милијарди долари за прегледи за коронавирус и 60 милијарди долари за други сектори погодени од кризата, пред сѐ земјоделството.
Претставничкиот дом се очекува да гласа по предлогот во текот на оваа недела.
За да биде ефективен документот, по неговото усвојување и во двата дома, мора да го потпише американскиот претседател Доналд Трамп, што, според тамошните експерти, многу веројатно ќе се случи.
Инаку, ова е втор економски пакет за справување со кризата во Америка.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.