Голем број на искрени поддржувачи на СДСМ се иритирани од пазарењето на власта за сметка на правниот систем

Објавил: Данаил Михајловски | 20 декември, 2018 11:29

Амнестијата и разочараните од СДСМ

Фото/Текст извор: ©магазин

“Дечки од СДСМ, за што се боревме? За пратенички патни трошоци од по илјада евра месечно? За едни исти луѓе да запоседнат во по неколку управни одбори со паушали од по 200/300 евра? За директорски места по јавни претпријатија наменети за партиски кадри, чија единствена гаранција за стручност е партиската книшка?“

Ова го напиша Проф. Гордана Попсимонова, силен поддржувач на Заев за време на протестите против Груевски, како и активен учесник во “Шарената револуција“ организирана од СДСМ и организациите на Сорос. Од нејзината колумна во весникот “Независен“ јасно се забележува дека

Проф. Тупанчевски предава на Правниот факултет во Скопје, по предметот казнено право. Неговиот коментар за законот за амнестија е многу критичен: ,,Уникатен карактер на Закон за амнестија непознат во компаритивното право. Ова е правен дилетанизам.“

разочараноста е нејзиното чувство за досегашното практикување на власта од страна на функционерите на СДСМ. Попсимонова на СДСМ понатаму им порачува “стартот ви е ужасно лош.., сѐ скандал до скандал, и тоа за ситнокорупциски глупости. А за долгоочекуваните и на сите можни фанфари најавувани реформи во правосудството, безбедносниот сектор, администрацијата или медиумите кои се сведоа на плитки бразди, нема да арчам зборови.“

Кога сме кај правосудството и најавуваните реформи од страна на СДСМ, деновиве бурни реакции предизвика и законот за амнестија, кој СДСМ го предложи заедно со независните пратеници Елизабета Канческа и Емилија Александрова, која е блиска роднина со Сашо Мијалков. Стручната фела, професори по право, поранешни судии, дури и оние кои биле забележително блиски со СДСМ, имаат сериозни забелешки и критики. Поранешниот Уставен судија Трендафил Ивановски, кој беше остар критичар на владата на Груевски, вели дека иако ова е изнуден политички потег, сепак недозволиво е во правото некој да се амнестира без да има судска пресуда. Професорот по кривично право Тупанчевски на својот ФБ профил н

Носењето на законот за амнестија, Павле Богоевски, како предлагач на законот го дефинира како “пазар за исплатлива цена“.

апиша: ,,Уникатен карактер на Закон за амнестија непознат во компаритивното право. Тој треба да биде базично четиво за идните студенти како не треба да изгледа ваков закон. Како ќе се убеди некој дека правната држава функционира. Ова е правен дилетанизам“, коментира Тупанчевски. Краткиот заклучок кој може да се изведе од овие критики е дека во Македонија има политичко пазарење, но нема владеење на правото и правна сигурност. 

А директно признание дека пратениците на СДСМ се позаинтересирани за политички пазар, отколку за владеењето на правото во државата даде Павле Богоевски, еден од пратениците кој го предложи законот за амнестија. На упатена критика од негов поддржувач кој му кажува дека е разочаран од законот кој му личи на пазар и навреда, пратеникот Богоевски одговара кратко и јасно: “Пазар е. За исплатлива цена“. А до вчера истиот шеташе по улиците на Скопје, протестираше, фарбаше фасади на институции и викаше “Нема правда, нема мир“. Што да се каже, морална и политичка хипокризија, која со право разочарува многу граѓани на Македонија. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести