Предводник на законот за општа амнестија за Собранието, Диво Насеље и Смилковско езеро ќе е Канческа Милевска, законот напишан од Тодоров а со одобрение на Дескоска

Објавил: Мартин Попоски | 21 ноември, 2018 13:47

Амнестија околу 10 декември, и за Диво Насеље и Смилковско езеро?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Иако владата даде негативна оценка на предлог законот за општа амнестија за обвинетите во немилите настани во Собранието на Македонија пред една година, амнестија сепак ќе има.

Имено извори од Собранието информираат дека иако телото за национално помирување а со кое раководат пратеничките Александрова и Ременски нема активности, предлог законот за амнестија е скоро готов.

Како лиферуваат од Собранието предлагач ќе е т.н. независна пратеничка група на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, предводена од поранешната министерка за култура, пратеничката Елизабета Канческа Милевска која откако гласаше за уставни измени, сега ќе биде “факторот” за помирување и делење правда.

Имено законското решение, неофицијално иако тврди дека не го видела, т.е. дека не постои наишло на одобрување и од министерката за правда, Рената Дескоска а Канческа Милевска за правни консултации го ангажирала, како информираат извори од Собранието, адвокатот Никола Тодоров, поранешен нејзин колега и во владата и во ВМРО – ДПМНЕ.

Изворите од Собранието ова го посочуваат со масовните изјави на осомничени и обвинети во немилите настани во Собранието минатата година, кои ги повлекуваат доказните материјали а во дел и барањата за распит на нивни сведоци со случајот што се води активно во Кривичниот Суд во Скопје.

Она што ќе е плод на хибриден закон кој во основа ќе е решение на Дескоска, Тодоров и Канческа Милевска сепак има и елемент на изненадување, точно како што претскажаа тројцата пратеници кои се првоосомничени во случајот. 

Имено со предлог Законот за амнестија ќе бидат опфатени и случаите во изминатите 10 години, поточно со него ќе се амнестираат и терористите од Диво Насеље но и убијците од Смилковско езеро.

Извори од владата не сакаат да ги потврдат или негираат информациите, но констатираат дека како на повидок е нова политичка криза, и само со вакво решение Заев може да си ја спаси премиерската фотелја, би ги обезбедил гласовите од одметнатите пратеници за уставни измени но и гласовите од албанските опозициони партии кои веќе повлекоа пет пратеници во поддршка.

Датумот не е фиксен, но извори од Собранието сметаат дека е тактички позициониран како тоа би бил периодот кога би се разгорела расправата за уставните амандмани кои на дневен ред на пленарна седница се закажани за први декември.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.