Меркел од економски причини не ја поддржува идејата за повторно воведување на задолжителен воен рок

Објавил: Мирко Бачиќ | 28 август, 2018 6:37

Ангела Меркел против задолжителен воен рок

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Расправата на оваа тема започна во август годинава кога секретарката на партијата ЦДУ Анегрет Крамп Каренбауер отвори дебата за враќање на задолжителниот воен рок, откако неодамнешните анкети покажаа дека повеќето германски жители ја поддржуваат таа идеја.

„Не сакам повторно да воведеме задолжителната воена служба“, рече Меркел, додавајќи дека барањата за војниците се промениле.

Германската канцеларка рече дека неодамна се сретнала со воениот врв на земјата и рече дека нивната цел е да се елиминира ситуацијата кога бројот на кандидати кои своеволно се пријавиле ќе го надмине оној пропишан со буџетот.

Германија стави крај на регрутацијата во 2011 година. Сепак европската земја по се изгледа се бори со недостигот на персонал во Бундесверот, чија цел е да се справи со проблемот регрутирајќи повеќе луѓе на возраст под 18 години.

Франција исто така планира да го реактивира воениот рок и тоа со траење од еден месец.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.