„Ја слушнавте вистинската животна приказна на Елеонора. Но, во темницата остануваат уште илјадници неслушнати приказни на жени и девојки кои претрпеле родово базирано насилство. Нивниот глас, и нивната приказна, треба да се чуе. Затоа, слушни ја и приклучи се во кампањата против насилство врз жените и девојчињата.“, раскажа Анета.

Објавил: Весна Петровска | 9 септември, 2019 10:04

Другарката на Боки 13 раскажува: Ме извади низ прозорец и ме давеше!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Новинарката Анета Кочишки, автор и водител на емисијата „Лица “ на сега веќе згаснатата 1 ТВ, раскажа тажна животна приказна. таа од минатата година ја поддржува кампањата против насилство врз жените и девојчињата.

„ Го запознав службено. И двајцата бевме успешни во своите кариери и уживавме углед. Поради работата често патував и бев во контакт со влијателни и моќни луѓе. Тоа му пречеше, почна да станува посесивен. Се повеќе, секој ден. Љумобора, понижувања и навреди ја гушеа нашата врска.

Тажна животна приказна која ја раскажува уредничката на емисијата „Лица“

Се убедував дека е минливо, секој има кризи. Мислев, премногу ме сака, затоа ме чува само за себе. Дури и најблиските ми велеа: Не претерувај, знаеш какви се мажите понекогаш. Се давев во сопствената илузија дека ќе се промени. Но, една вечер, тој вистински се обиде да ме удави. Ме извади низ прозор и почна да ме дави. Денес е во затвор, кај што му е местото“, е дел од приказната која ја раскажа Кочишки.

„Ја слушнавте вистинската животна приказна на Елеонора. Но, во темницата остануваат уште илјадници неслушнати приказни на жени и девојки кои претрпеле родово базирано насилство. Нивниот глас, и нивната приказна, треба да се чуе. Затоа, слушни ја и приклучи се во кампањата против насилство врз жените и девојчињата.“, раскажа Анета.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.