Арсовски: Договорот изнесувал 665.000 денари

Објавил: admin@magazin | 18 август, 2018 15:31

Анѓушев зел уште еден тендер за медицинска опрема во болница (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Вицепремиерот Кочо Анѓушев земал уште еден тендер во четири очи за медицинска опрема во болница, изјави денеска на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Попусто постојат закони за судир на интереси, џабе граѓаните се бунат. Кочо „четири очи“, нема институција, а да не може да ја опслужи. Најновите информации што излегоа во медиумите покажуваат дека Кочо „четири очи“ Анѓушев, преку својата компанија „Брако“ ја снабдил со медицинска опрема во јануари оваа година психијатарската болница “Негорци” од Гевгелија. Договорот изнесувал 665.000 денари“, рече Арсовски.

Опозицијата додаде дека државните пари од институциите одат директно во фирмите на Анѓушев и нема институција каде тој не може да склучи договор во четири очи самиот со себе, односно тој како сопственик на фирмите и од другата страна исто така тој како втор човек на Владата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.