Димитар Апасиев на својот фејсбук профил како што популарно се вели „фејвна“ и сподели твитер статус на кој се напаѓа елитизмот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 11 март, 2020 14:31

Апасиев ги осуди ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ дека се елитистички партии, само кај него имало обични работници

Фото/Текст извор: ©магазин

Лидерот на левичарите во Македонија – Димитар Апасиев на својот приватен фејбук профил „фејвна“ (остави реакција дека многу му се допаѓа постот) и објави твитер статус на кој пишува: – Доктори, професори, вработени во државна администрација, бизнисмени… на листите за пратеници. Виде некој земјоделец, рудар, текстилен работник… на листите? Или овие се ниска класа на луѓе. – Пишува на објавата која ја споделул Димитар Апасиев на својот фејсбук профил.

Овој став кој го споделува и Апасиев произлегува од природата на неговата идеологија која се фундира на борбата на работничката класа против буржазјата и еднаквоста како темелна општествена вредност. Левичарските движења се против елитизацијата и привилегираниот пристап до ресурсите значајни за поединечен опстанок и опастанок на заедницата.

Споделениот статус, е посредна критика која Димитар Апасиев ја упатува до двете најголеми политички партии во Македонија, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ откако ги објавија избирачките листи. Како што се согласува и Апасиев со констатацијата на авторот на твитер статусот, на избирачките листи се вметнати само луѓе кои припаѓаат на така наречената елита и не се обични работници. 

Инаку  Димитар Апасиев е доктор на правни науки. Дипломирал, магистрирал и докторирал како првенец на повеќе генерации на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.  Моментално предава „Римско право“ на штипскиот универзитет и е често присутен во јавноста со свои објави, колумни, коментари и гостувања во дебатни емисии, каде што се појавува не само како лидер на политичка партија, туку и како експерт.Тој е  лидер на политичката партија „Левица“ која годинава се пререгистрира и со новата поставка за прв пат ќе учествува на парламентарните избори. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...