Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска упати повик до разрешениот директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, проф. д-р Сашко Јовев да биде негов национален советник за кардиохирургија.

- Буџетот што го наследив, беше многу дефицитарен. Имаме барање од Кардиохирургија, претходно во разговор со професорот и други колеги и со ребалансот на буџетот сум подготвен да побарам да се зголеми тој буџет, со цел Клиниката за кардиохирургија и програмата за трансплантација да функционираат подобро и да ги зголемиме позитивните резултати и да им излеземе во пресрет на пациентите, додаде министерот.

Тој нагласи дека Јовев ќе продолжи да биде вработен во Клиниката и ќе ја има неговата поддршка во понатамошното работење.

На денешниот брифинг со новинарите, стручни лица разјаснуваа дилеми околу разрешувањето на Јовев, што предизвика реакции во јавноста.

Меџити беше прашан што ќе биде со економскиот директор.

- За организациониот директор, ние пративме инспекција, тоа ги вклучува и двата директора, тие имаат одговорности и заеднички и посебни. За првиот одлучивме, деновиве ќе излеземе и со одговор за вториот, организацискиот директор, појасни министерот.

На новинарско прашање за неговата заменичка, која не се согласувала со одлуката на министерот за смена на Јовев, Меџити одговори дека нема да коментира изјави на други лица.

На брифингот беше посочено и дека Јовев не е единствениот разрешен директор, откога Меџити е на функција министер.

- Имаше промени во многу други здравствени установи, на медицински директори, организациски, некои си поднесоа самите оставка, а други беа разрешени, додаде Меџити, истакнувајќи дека и во иднина секаде ќе има инспекции и ќе се постапува според закон.

Меџити во понеделникот го разреши Јовев од должноста директорот на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, поради како што изјави вчера „утврдени нерегуларности во работењето“, нагласувајќи дека нема политика во неговото разрешување.

Јовев од своја страна вчера побара преиспитување на одлуката за негово разрешување, истакнувајќи дека државната Клиника за кардиохирургија не се утврдени нерегуларности.

- Да ги оставиме професионалците да си ја вршат својата работа. Успесите на оваа Клиника се успеси на државата и на Министерството за здравство, порача Јовев.

Апасиев: Јовев е разрешен затоа што е Македонец

Во врска со разрешувањето на д-р Јовев од функцијата директор на Кардиохирургија, коментар даде и лидерот на Левица, Димитар...

admin@magazin / 7 јуни, 2023 20:55

Заевизмот го нарековме највисок стадиум на груевизмот, истакна Апасиев и го цитираше античкиот филозоф Ксенофонт.

Апасиев: Заевизмот е највисок стадиум на груевизмот!

Лидерот на партијата Левица која годинава влезе во парламентот со два пратеника, пратеникот Димитар Апасиев, говореше за...

Катерина Крстиќ / 31 август, 2020 10:19

Неспособни се ѓубрето од пред зграда да го исчистат, ама затоа - среде вонредна состојба - банкнотите добија илегална додавка СЕВЕРНА + македонскиот народ стана "народ на Северна Македонија"

Апасиев: Неспособни се да го исчистат ѓубрето но затоа среде вонредна состојба добивме банкноти со илегална додавка “СЕВЕРНА”!

Откако вчера јавноста се крена на нозе поради губрето кое го красеше главниот град, и многу негативни коментари беа упатени...

Катерина Крстиќ / 14 април, 2020 11:19

Димитар Апасиев на својот фејсбук профил како што популарно се вели „фејвна“ и сподели твитер статус на кој се напаѓа елитизмот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Апасиев ги осуди ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ дека се елитистички партии, само кај него имало обични работници

Лидерот на левичарите во Македонија – Димитар Апасиев на својот приватен фејбук профил „фејвна“ (остави реакција дека...

Магдалена Стојмановиќ / 11 март, 2020 14:31

-Ова е одраз на лилипутанскиот синдром на двојката Заев и Димитров, испаќа дека е точна тезата која што ја пласирав дека не можете со сервилност да водите надворешна политика, тогаш дури во очите на вашите империјални господари на западот вие сте карикатура.

Апасиев: Непроменети останаа само химната и грбот, што повеќе да направиме

Димитар Апасиев,професорот по римско право и дел раководството на „Левица“, во емисијата Само вистина на Канал 5 истакна...

Катерина Крстиќ / 18 октомври, 2019 11:26

Рашко реши да се пресмета со Апасиев, па отвори предмет преку МОН и Државниот просветен инспекторат по анонимна дојава да проверат како добил академска титула и работа

Рашкоски “наредил” МОН да го прочешла досието на Апасиев

Рашкоски реши да се пресмета со Апасиев, па отвори предмет преку МОН и Државниот просветен инспекторат по анонимна дојава...

Мартин Попоски / 6 ноември, 2018 13:56

Канческа Милевска и политичкиот пубертетски нагон на самооткривање, по 10 години министерување, сеуште наидува на јавно исмевање во општествено политичкиот живот

Апасиев преку виц за Сталин ја коментира Канческа Милевска

Професорот Димитар Апасиев, член на политичката партија Левица, во свој стил, на социјалните мрежи ги коментира настаните...

Мирко Бачиќ / 31 октомври, 2018 10:42

По одлуката на Уставниот суд, донесена со мнозинство гласови, дека се отфрлат преставките за неуставност при распишувањето на референдумот се огласија и Апасиев и Петров

Апасиев од “Левица”: Судиите беа повикан на разговор пред седницата

По отфрлањето на преставките до Уставен суд за оценка на уставноста на процесто за распишување на референдумот согласно...

Мирко Бачиќ / 19 септември, 2018 13:26