Рашко реши да се пресмета со Апасиев, па отвори предмет преку МОН и Државниот просветен инспекторат по анонимна дојава да проверат како добил академска титула и работа

Објавил: Мартин Попоски | 6 ноември, 2018 13:56

Рашкоски “наредил” МОН да го прочешла досието на Апасиев

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Рашкоски реши да се пресмета со Апасиев, па отвори предмет преку МОН и Државниот просветен инспекторат по анонимна дојава да проверат како добил и академска титула и работен статус.

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашкоски, побарал од Министерството за образование и наука да го „чешла“ моето досие за тоа како сум докторирал на УКИМ и како сум се вработил на УГД, напиша Димитар Апасиев на социјалните мрежи.

Професор Апасиев ја има и копијата од т.н. анонимна преставка по која по налог на Генералниот секретаријат на Владата се бара од Министерството за образование и наука, преку Државниот просветен инспекторат да прочешлаат како докторирал и како станал професор.

Апасиев за ова напиша:

“Случајот ‘Апасиев”. Генералниот секретаријат на Влада на Република Македонија – иако ненадлежен – испратил барање до Министерството за образование и наука, преку Државниот просветен инспекторат, да се ‘чешла’ моето досие за тоа како сум докторирал на УКИМ и како сум се вработил на УГД.

Се постапувало по анонимна претставка, што е изрично забрането со дури осум закони и подзаконски правни акти и за што некој дебело ќе го крка.

Ете како оваа тоталитарна власт се справува со своите политички неистомисленици! Па ова и Грујо не го правеше бе, социјал-“демократи”.

П.С. Баш би сакал да го чујам мислењето на владиниот портпарол, на поранешната министерка и на актуелниот заменик-министер за образование за “неприкосновената автономија на Универзитетотот.

#ПоздравПленумци, напиша Апасиев.

Во барањето што го објави Апасиев, се наведува дека група студенти од Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип ја поднеле претставката со која е побарано да добијат точни информации како Апасиев се стекнал со титулата доктор на науки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.