По одлуката на Уставниот суд, донесена со мнозинство гласови, дека се отфрлат преставките за неуставност при распишувањето на референдумот се огласија и Апасиев и Петров

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 септември, 2018 13:26

Апасиев од “Левица”: Судиите беа повикан на разговор пред седницата

Фото/Текст извор: ©макфах.мк /магазин.мк

По отфрлањето на преставките до Уставен суд за оценка на уставноста на процесто за распишување на референдумот согласно Договорот од Пржино се огласија и Апасиев и Петров.

Апасиев од политичката партија “Левиза” излезе со став дека има сознанија дека уставните судии се повикувани на разговор пред денешната седница.

Вaквата одлука за него е срамна и ја погазува правната држава.

Срамен ден за владеење на правото, ова е политичка одлука на судиите. Да се испита можното сценарио што еден од судиите го кажа, дека судии биле повикани на разговори, да видиме кој ги повикал и им влијаел. Ние остануваме на ставот за бојкот. – рече Апасиев.

Одлуката на Уставниот суд за нас не е прифатлива, вели Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес, откако со 7 гласа „за“ и два „против“ судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука за распишување на референдумот.

Според Петров, очигледен бил притисокот што се вршел врз судиите.

Судиите во расправата беа контрадикторни. Тие отфрлија расправа за договорот со Грција, но заклучија дека со референдумското прашање не се гласа за ЕУ и НАТО, туку за договорот* со Грција. Истовремено, се суспендира референдумот од 8 септември 1991 година, кога народот во апсолутно мнозинство гласаше за самостојна Македонија без додавки и придавки. Судот, за жал, сметаше дека ЕУ не е ниту сојуз за кој треба да се распише референдум. – рече Петров.

Одлуката на судот ќе ја зацврсти одлуката на народот, кој ќе бојкотира на 30 септември, оценуваат и Петров и Апасиев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести