Канческа Милевска и политичкиот пубертетски нагон на самооткривање, по 10 години министерување, сеуште наидува на јавно исмевање во општествено политичкиот живот

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 октомври, 2018 10:42

Апасиев преку виц за Сталин ја коментира Канческа Милевска

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Професорот Димитар Апасиев, член на политичката партија Левица, во свој стил, на социјалните мрежи ги коментира настаните од последните неколку дена.

Апасиев е познат по своите досетки но и правни формулации за актуелните дневно политички настани.

Неговиот коментар овој пат беше посветен на поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска.

Кога гледам како бившата Министерката за кич, а сегашна уценета хероина на шарените, ‘ПРИЗНАВА’ пред јавноста како уствари она цело време да ти била за ЕУ и НАТО, одма ми текнуе за еден бољшевички виц од времето на Сталин.

Вицов иде вака…

Шефот на советската тајна полиција, озлогласениот Берија, еднаш го прашал Сталин: „Коба, абе го најде ли лулето шо го изгуби некни“?

Овој му вика: „Да бе, го најдов. Ми паднало под креветот“.

И Берија му враќа: „Како бе го најде!? Па тројца више ПРИЗНАА дека ти го украле“.  – пишува Апасиев, додавајќи дека „кој сфати, сфати“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.