ЕУ ќе се осеќа должна кон Заевистите и пак ќе гледаме срцепарателни ТВ пораки за тоа како сме #НаПравПат.

Објавил: admin@magazin | 21 октомври, 2019 20:55

АПАСИЕВ: Да беа паметни вмровците, немаше да прифатат вакво насамарување – да има „брзи избори“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Levica за прв пат ќе стане парламентарна партија, па ќе ви ги помати вашите елитистички сметки, пишува на социјалните мрежи професорот Димитар Апасиев.

-По Устав, после распуштање на Собранието, има рок од два месеца да се одржат предвремени парламентарни ИЗБОРИ. Да беа паметни вмровците, немаше да прифатат вакво насамарување – да има „брзи избори“ дури за шест месеци од сега!?

Дотогаш, баграва ќе влезе у НАТО и ќе следи уште еден еуфоричен НАТОФЕСТ.

ЕУ ќе се осеќа должна кон Заевистите и пак ќе гледаме срцепарателни ТВ пораки за тоа како сме #НаПравПат. Се’ ќе биде подзаборавено, а поразот на СДС на „Нашата Земја“ нема да биде толку драматичен, како ако имаше избори пред Нова Година 😉

p.s. Сета среќа у несреќа е шо Левица / E majta / Levica за прв пат ќе стане парламентарна партија, па ќе ви ги помати вашите елитистички сметки, пишува Апасиев.

Политичките лидери во државава вчера се согласија дека нема друга алтернатива освен евроинтеграцијата, но и закажаа предвремени парламентарни избори на 12 април наредната година.

– Верувам дека граѓаните мудро ќе донесат одлука со која ќе го трасираат патот по којшто ние политичарите, кои ќе добиеме поддршка, ќе ја водиме нашата држава, изјави премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.

За лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, изборите што ќе се одржат наредната година се неминовност, по се она што се случувало во државата.

– Битно е дека имаме нова реалност. Реалноста е дека на 3 јануари 2020 година ќе имаме нов технички премиер, ќе имаме нова техничка влада, а на 12 април 2020 ќе имаме победник на предвремените парламентарни избори, а тоа ќе биде, сигурен сум, Обновата за Македонија, изјави Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...