Збор зедоа вкупно 190 говорници, од кои 150 пратеници, шест претставници на пратеничките групи, 28 министри и заменици, како и лидерите на шесте партии во Парламентот.

Објавил: Мате Парлоф | 31 јануари, 2022 5:58

Грчкиот Парламент со 156 гласа „против” го отфрли предлогот на СИРИЗА за недоверба на Владата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Предлогот на опозициската СИРИЗА за недоверба на Владата доби 142 гласа „за” од пратениците, 156 „против” и еден воздржан, со што Парламентот го отфрли предлогот, а Владата на Мицотакис го „преживеа” гласањето, јави дописничката на МИА од Атина.

Резултатот беше очекуван, со оглед на тоа дека актуелната Влада има парламентарно мнозинство од 157 пратеници од вкупно 300 колку што брои Парламентот, а од гласањето отсуствуваше пратеничката од Нова демократија Мариета Јанаку, која поради здравствени проблеми итно беше пренесена в болница.

За недоверба на Владата гласаа сите опозициски партии, со исклучок на еден пратеник кој беше воздржан, но сепак не беа постигнати потребните 150 плус еден глас за недовербата да биде изгласана.

Тридневната расправата започна во петокот попладне, продолжи вчера и денеска, а во првите два дена траеше до 3.30, односно до 3.45 часот наутро.

Збор зедоа вкупно 190 говорници, од кои 150 пратеници, шест претставници на пратеничките групи, 28 министри и заменици, како и лидерите на шесте партии во Парламентот.

Непосредно пред гласањето се обратија и лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис кои повторно си упатија критики и обвинувања, што се однесуваа на низа теми, а не само на проблемите кои ги создаде снежната бура, што воедно беше и причината за предлогот за гласање недоверба.

Ципрас му порача на Мицотакис дека „политички е завршен”, му рече дека должи низа извинувања до граѓаните, до семејствата на 23.275 починати од Ковид-19, до оние на кои им тврдеше дека СИРИЗА „ја продаде Македонија за пензиите” и паралелно побара да си поднесе оставка и да распише избори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.