Грција, која заработува многу пари годишно од туризам, сака да ги оживее патувањата пред да започне летната сезона и веќе направи шаблон за тоа како треба да изгледа сертификатот за вакцинирана личност.

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 јануари, 2021 19:38

МИЦОТАКИС ЈА ПОВИКА ЕУ да направи СЕРТИФИКАТ ЗА ПАТУВАЊЕ: Вакцинацијата не е задолжителна, но ќе има олеснување за вакцинираните лица

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ја повика ЕУ да создаде заеднички сертификат за вакцинација со цел да се олесни патувањето преку границите, кои беа прекинати поради пандемијата на коронарниот вирус.

Грција, која заработува многу пари годишно од туризам, сака да ги оживее патувањата пред да започне летната сезона и веќе направи шаблон за тоа како треба да изгледа сертификатот за вакцинирана личност.

Во писмото до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајан, Мицотакис предложи грчкиот образец да го користи целата Европска унија, а образецот ќе важи за копнениот, железничкиот и воздушниот транспорт.

„Грција нема да нареди вакцинацијата да биде задолжителна за сите граѓани или неопходна за патување, но оние што биле вакцинирани треба да имаат слободно патување“, пишува во писмото Мицотакис.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.