Утре ќе се знае дали пресудата на Кривичниот суд за двегодишна казна затвор за Никола Груевски ќе стане правосилна или не

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 септември, 2018 14:18

Апелација утре ја продолжува расправата за жалбата на Груевски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јавната расправа за жалбата на двегодишната затворска казна на Никола Груевски продолжува утре.

Првата расправа за оваа жалба се одржа во петокот, а поранешниот премиер го помина својот роденден чекајќи во холот на Апелација бидејќи се одлучуваше по бројните барања за изземање, прво на судечкиот совет, а потоа и на судиите.

Откако не помина барањето да се одложи седницата со образложение дека адвокатите се на друго судење, адвокатот на Ѓоко Поповски ги поднесуваше барањата за изземање.

Судечкиот совет во Апелација образложи зошто седницата не може да биде одложена и одлучи расправата дда ја продолжи и без присуство на адвокатите на Никола Груевски.

Тој и поранешниот заменик министер за јавни набавки во МВР добија затворски казни од 2 и 6 и пол години за набавката на ултралуксузниот Мерцедес.

Сега зависи од одлуката на Апелација дали тие ќе станат правосилни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести