Власта продолжува со истото сценарио на автократско владеење

Објавил: Данаил Михајловски | 5 октомври, 2018 17:45

Арсовски: Власта исплашена од народот продолжува со политички прогон

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Власта која брани криминал продолжува со политички прогон, дефокусирање и газење на волјата на граѓаните. Власта е исплашена од народот после референдумот и црвениот картон кој го доби и затоа е донесена денешната одлука за господинот Груевски, изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски и додаде:

Власта која вршеше уцени и закани за време на референдумот, пред референдумот и референдумскиот ден, а потоа и оние притисоци после референдумскиот ден која се јавуваше на приватни броеви на луѓе од ВМРО и лажно претставувајќи им се за само да излезат на гласање, која што полнеше кутии за кој што сведоци беше целата јавност, која што легитимираше група гласање и кое е јасно дека се разголи со сите овие случаеви, продолжува со истото сценарио на автократско владеење.“

Но, вака силејќи се преку политички монтирани процеси и прогони, тие ја покажуваат всушност целата своја немоќ. Народот нема да го заборави криминалот на оваа влада, ниту предавството на националните и државните интереси. Ова судот треба да го знае, но и оние кои му шепотат на судот како за овој случај така и за оној случај во поткуп кога Заев беше ослободен или оној градоначалник шверцер кој е на слобода, дека ќе дојде време кога правдата ќе биде задоволена а вистината ќе дојде на виделина, потенцираше Арсовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.