Синот на пејачката се ожени пред повеќе од два месеци а оваагодина реши да ја помине во домот заедно со својата сопруга Богдана која е во блажена состојба и го носи нивното прво дете на кое како објавија ќе му го дадат името Жељко.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 јануари, 2020 18:04

Атмосферата се вжешти па Вељко се соблече гол- еве како се славеше Нова Година кај Цеца

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новогодишната атмосфера го понесе синот на познатата пејачка Цеца. Имено пејачката лудата ноќ ја помина работно, но нејзиниот син Вељко се забавуваше во семејниот дом.

Синот на пејачката се ожени пред повеќе од два месеци а оваагодина реши да ја помине во домот заедно со својата сопруга Богдана која е во блажена состојба и го носи нивното прво дете на кое како објавија ќе му го дадат името Жељко.

Вистинско лудило во домот на Цеца за новогодишната ноќ

Во домот на Цеца беа и пријателите на младиот брачен пар, па додека пејачката ги забавуваше гостите во елитниот хотел во Белград, Вељко со своите пријатели ги пееле нејзините песни. Во еден момент атмосферата се вжештила, па Вељко дури и се соблекол, а атмосферата од славењето во вилата во Дедиње  ја споделила токму Цеца на Инстаграм стори.

Инаку семејството Ражнатовиќ е во центарот на вниманието поради сите подготовки кои се прават за пристигнувањето на малиот Жељко.

Цеца ќе им подари на синот и снаата уникатна лулка, која е направена со посебни мерки, анатомски правила и материјали што се грижат за здравјето на бебето.

Инаку Цеца привлече големо внимание откако пред новинарите за својата куќна слава Св. Никола се пошегува и рече декаќе се мажи.

– Секако дека ми е драго што добив снаа, и чекам внуче а тоа е сосема природно. Најважно е каква е куќата, кога ќе дојдат гости каков е домаќинот, не се грижете моите гости никогаш не се гладни, рекла Цеца додавајќи дека Вељко е глава на семејството. Таа вели сите се глава на тоа семејство, и дека кај нив нема хиерархија и делба на главни и неглавни. Семејството работи на база на компромис и секогаш се наоѓа златна средина, открива Цеца за новинарите.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.