сабота, 4 мај 2024

MK/ EN/ DE



Од АХВ советуваат и разладената храна да се чува на температура пониска од пет степени, а храната која треба да се зготви, термички да се обработи на повеќе од 60 степени.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 август, 2019 11:04

АХВ со совети за заштита од труење со храна- прочитајте која храна да ја конзумирате и на кој начин

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Утре се очекува зголемување на дневните температури, кои според метеоролозите во одредени региони ќе надмине 40 степени, а со тоа се зголемуваат ризиците од појава на труење со храна. Поради тоа од Агенцијата за храна и ветеринарство постојано апелираат да се внимава на храната во летниот период, да се обезбеди доволни количини на безбедна храна и вода за пиење.

-За да се спречи труење со храна, неопходно е да се направи правилен избор при нејзина набавка, да се обезбеди соодветен транспорт и услови за чување. Да се води сметка за изгледот, рокот на употреба и соодветното чување, да се купува од проверени места каде има услови и каде производите, особено лесно расипливите од животинско потекло се чуваат во разладни уреди. Да се избегнува да се купува и консумира храна со оштетена амбалажа (нагмечена, надуена или напукната), разладените или замрзнатите производи да се купуваат на крајот од пазарењето, а лесно расипливата храна како што е месото, млекото јајцата и друго да не се чуваат долго време во автомобили и во други транспортни средства. Да се одбегнува купување на и разладена или замрзната лесно расиплива храна која се чува надвор од ладилник или замрзнувач, наведува АХВ.

Поради покачувањето на температурите најавени за утре, АХВ со совети за заштита од труење со храна

Од АХВ советуваат и разладената храна да се чува на температура пониска од пет степени, а храната која треба да се зготви, термички да се обработи на повеќе од 60 степени.

Овошјето и зеленчукот пред употреба темелно да се измијат под млаз вода, месото, млекото и јајцата термички добро да се обработат. По подготовката, изладена, храната да се чува во фрижидер. На најгорните полици да се чува зготвената храна, а на подолните суровата. Храната да се заштити од инсекти, глодари и од домашните миленичиња и другите животни кои може да дојдат во контакт со неа.

-Ако се јаде во угостителските објекти, водете сметка тоа да се оператори со храна кои се грижат за хигиената и безбедноста на храната и да имаат добра репутација. Во објектите за брза храна одбегнувајте ги додатоците кои не стојат во ладилник како што се мајонез, кечап, крем салати, сосови, преливи и слично. Доколку сметате дека храната не е безбедна, не ризикувајте, фрлете ја, укажува Агенцијата

Од АХВ апелираат да се внимава на чистотата

мијте ги рацете пред земање на храната и во текот на подготовката
на храната, мијте ги рацете после одење во тоалет, одржувајте ги чисти сите површини и опрема која ја користите за подготовка на храната, заштитете го просторот на кујната и самата храна од инсекти, штетници и други животни…

Храната чувајте ја на пропишаната температура, не оставајте ја зготвената храна на собна температура подолго од 2 часа целата зготвена и лесно расиплива храна во колку што е можно
покус рок оладете ја (на температура под 5 степени ) пред послужување зготвената храна добро подгрејте ја (над 65 степени) дури ни во ладилник не треба да ја чувате храната подолго време.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.