Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, од Скопје порача дека најбитно од Договорот од Преспа за Албанците е Законот за употреба на јазиците кој по 30 септември ќе стапи во сила

Објавил: Мартин Попоски | 26 септември, 2018 11:43

Ахмети: Ако помине референдумот, ќе помине и законот за јазици

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, синоќа во Скопје ја разобличе вистината која се крие за параванот наречен, референдум за промена на името.

Приоритети ни беа НАТО и ЕУ, а приоритет над приоритетите ни беше спроведувањето на Рамковниот договор, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети синоќа од плоштадот „Скендербег” во Скопје каде го одржаа централниот собир за референдумот на 30 септември.

Се приближуваме до финализирање на овој договор, особено на последниот акт за употреба на јазиците, што е последен негов дел. Чекаме заедно со одлуката за Преспанскиот договор, претседателот на Собранието да потпише две главни решенија, законот за јазиците и Преспанскиот договор за потоа да бидат објавени во Службен весник и да стапат во сила. – рече во обраќањето пред граѓаните Ахмети.

Според него, 30 септември е неповторлив исторски момент, бидејќи се носи одлука за европската иднина на земјата.

 На 30 септември го ставаме камен-темелникот на европската иднина на земјата. Ние донесовме важни, храбри одлуки за да го направиме нашиот народ горд пред овој историски ден пред нас. На 30 септември, се гласа за држава, иднина, економија, инвестиции, иднината на идните генерации и векови што следат. На 30 септември, нема друга алтернатива освен НАТО и ЕУ. – истакна Ахмети.

Талат Џафери рече дека сите сме сведоци на една невидена дипломатска активност со бројни пораки за поддршка на договорот меѓу Грција и Македонија.

Договорот е определба за градење мостови на сплотеност, добри соседски односи и ова е единствен начин за развој на земјата. Заслужуваме да живееме во стабилна и деморкатска држава каде владее правдата, правна и прогресивна држава. Сега е моментумот за исторсика одлука, време е да станеме едно со евроатлантското семејство, со европските стандарди и вредности и да ја донесеме вистинската одлука. На 30 септември да излеземе и да одлучиме во каква држава сакаме да живееме и на тој начин да одлучиме за нашата судбина. – подвлече Џафери.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.