Ахмети не сака избори за пратеници затоа што веќе не го гласа ни сопствениот електорат, затоа ќе ги злоупотреби гласовите од православните албанци со својата старо нова идеја

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 октомври, 2018 11:23

Ахмети со стара идеја до нови гласачи, Албанска православна црква

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Идејата на Ахмети и ДУИ е стара 4 години, кога во 2014 година созреа како платформа за формирање Албанска Православна Црква во Република Македонија.

Чинот кореспондираше со прославата на “Скендербег” кој е христијанин a по повод денот на државноста на Албанија и албанското знаме. За таа пригода Ахмети изјави:

Синадиновски е личен пријател со Ахмети, и се претпоставува дека е влијателен за сите пари, особено со успехот кај албанскиот електорат да го “помине” Бранко Маноиловски како кандидат за пратеник од ДУИ.

Албанска православна црква и литургии во македонските православни храмови. – изјави тогаш Ахмети.

Изненадувањето беше надополнето со изјава и на проф. доктор Бранислав Синадиновски кој се претстави како деклариран православен Албанец:

Православните Албанци од реканскиот крај за кои албанските историчари тврдат дека ги има околу 70 илјади, ќе добијат свои верски објекти, но и црква. Великодостојниците на МПЦ изразија спремност за одржување литургии на мајчиниот албански јазик на православните Албанци во нивните цркви. Но со тоа не се решава целосно и трајно проблемот на православните Албанци. Иницијативниот одбор кој е формиран пред повеќе месеци излезот од ситуацијата го гледа единствено во создавање Албанска православна црква во Република Македонија. 

Со тоа ние православните Албанци ќе го исполниме аманетот на големиот и ненадминлив Јосиф Багери, кој уште пред 100 години безуспешно се обидуваше да формира Албанска православна црква во Бугарија и ние верувајте дека тоа многу бргу ќе го направиме. – изјави Синадиновски.

По изборите во 2016 година го добивме како пратеник до ДУИ Бранко Маноиловски кој се декларира како православен Албанец во Република Македонија иако цел живот го поминал во САД и не знае да го говори албанскиот јазик.

Набрзо по изјавата на Синадиновски се рашири информацијата дека човекот лажно се претставува, дилема која ја реши неговата сестра Лилјана Синадиновска – Андреевска, доктор специјалист по епидемиологија. Имено, таа буквално изјави:

Дека Синадиновски не е плод на имагинацијата на Ахмети, говори и фактот што истата приказна но за Албанска православна црква во Србија – Косово, ја промовира на чести посети на “државниот” врв во Приштина.

Бранислав Синадиновски не е православен Албанец, туку обичен измамник. Немам ништо против Албанците, ги почитува како народ, но реагирам против злоупотребата на името на семејството за личните политички и финансиски цели на Бранислав Синадиновски. Брат ми талкал од СДСМ до ВМРО во потрага по позиции, за сега да заврши во ДУИ.

Бранислав Синадиновски се изјаснува како Албанец за да исполни и лични финансиски интереси. Тој се обидува да присвои многу семејни имоти преку судски тужби за членовите на неговото семејство, со помош и политичко влијание врз судиите кои одлучуваат за овие предмети. – изјави Синадиновска – Андреевска.

Синадиновски се појавува како автор и на книга за Хасан Приштинаа пред да биде близок со ДУИ, пишуваше книги за основачите на ВМРО, претставувајќи се себеси како еден од нив.

Патем Црква во ваков назим веќе има.

Албанската православна црква или “Kisha Ortodokse Autoqefale e Shqipërisë” е една од најновите автокефални православни цркви. Својата независност црквата ја прогласува во 1922 година а во 1937 година е признаена од страна на Цариградската патријаршија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.