Претседателот на клубот Андреа Ањели не ги крие очекувањата во наредната сезона.

Објавил: admin@magazin | 13 август, 2018 8:18

Ањели: Со Роналдо одиме на титула од ЛШ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Јувентус имаше одличен преоден рок досега, а претседателот на клубот Андреа Ањели не ги крие очекувањата во наредната сезона.

Првиот човек на „бјанконерите“ зборуваше за можностите на екипата и ги откри своите желби и цели во новата сезона.

Пред почетокот на пријателскиот натпревар мислам дека требаше да му аплаудираме на Маутиди затоа што го освои Мундијалот, а мораме и да го наградиме со аплауз нашиот нов капитен, а тоа е Кјелини. Уште еднаш имам чест што сум тука. Ќе биде тешка година во која ќе се обидеме да ги исполниме нашите соништа. Лигата на шампиони мора да биде наша цел годинава. Мораме да ги освоиме Лигата на шампиони, Скудетото и италијанскиот куп. За да го постигнеме тоа мора да работиме на себеси секој ден“, вели Ањели.

Ањели и Масимилијано Алегри знаат каква екипа имаат, како и тоа дека без Кристијано Роналдо двапати беа на чекор до освојување на Лигата на шампиони, а сега со него во тимот, тоа мора да им биде приоритет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален...

Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!

Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СВЕТСКО ЧУДО: Ја победи Италија на нејзин терен и обезбеди финален бараж за Мундијал!

Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден...