По одбивањето на барањето за укинување на времената мерка притвор, Ченто, со барање до повисоката судска истанца да му дозволи бранење од слобода за настаните од 27 април

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 октомври, 2018 8:01

Барам да ја исправите неправдата со која ме испратија во Шуто Оризари

Фото/Текст извор: ©makfax/магазин.мк

Јане Ченто, еден од притворените и осомничен за немилите настани од 27 април минатата година, повторно побара од Апелациониот Суд да му ја укине времената мерка притвор, поради очајните услови во затворот во Шутка.

Имам солидна материјална состојба, имам работен однос, ретко ги напуштам границите на Република Македонија, немам друг пасош. Немам прекршочна или кривична пријава и немам намера да бегам. Гаранцијата што ја давам денеска е ништо во однос на онаа гаранција што ја давам со мојот син, немам намера да го оставам и да избегам како кукавица.

Невин човек не бега. Дома бев 30 дена, ако сакав да бегам, ќе избегав тогаш. Затоа, ве замолувам да ми го укинете притворот. – рече Јане Ченто на седница на Апелациониот суд, на која бара да биде ослободен од притвор и да се брани од слобода.

Тој истакна дека е совесен човек и нема да ги остави седумте фамилии кои со гаранција од 526.370 евра пресметани во недвижен имот гарантираат дека нема да се впушти во бегство.

Барам да ја исправите неправдата со која ме испратија во Шуто Оризари. Таму условите се под секое човечко ниво. – рече Ченто.

Ченто додаде дека судот претходно одобрил барање за укинување на мерката притвор од обвинети за истиот случај мислејќи на пратениците со помала парична гаранција, па очекува судечкиот совет да го одобри барањето за ослободување од притвор.

Адвокатот на Ченто, Дончо Наков, изјави дека одлуката на кривичниот суд со која е одбиено барањето за укинување на притворот на Ченто е лицемерна.

Сте прифатиле многу пониски гаранции за обвинети во истиот случај и ја поздравувам оваа пракса. Би ве замолил да ја видите хронологијата на притворот, да ги видите документите од надлежните установи, кои ќе ви потврдат дека замената од куќен притвор во притвор не се поткрепени со закон. Ќе ви потврдат дека кај овој обвинет нема намера за бегство. – рече Наков.

Кривичниот совет на скопска „единица“ претходно му го одби барањето за укинување на притворот на Јане Ченто, претседателот на македонското патриотско здружение „Пере Тошев“. 

Ченто е еден од 33 обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, заедно со Митко Чавков, петтемина пратеници од Собранието и организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести