Ние ќе се бориме да ја докажеме нашата невиност и ќе успееме еден ден во тоа иако ќе бидеме во затворот Идризово, нема предавање МАКЕДОНЦИ !!!

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 јули, 2019 15:03

Јане Ченто префрлен во Идризово: Збогум Шутка- ќе се бориме да ја докажеме невиноста и ќе успееме

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јане Ченто кој беше осуден на 15-години затвор, како обвинет во случајот „27 април“ и не побара да се брани од слобода, сега се сели во Идризово. Тој со порака на Фејсбук се обрати до јавноста и вели дека тој ќе се бори за вистината да дојде на виделина, иако ќе биде во Идризово.

Тој порача дека судот го осудил, но историјата ќе го ослоби. Ченто по одлуката за 15 години затвор изјави дека не се плаши од затвор и дека еден ден ќе огрее сонце во Република Македонија.

Трпението не е само способност да се чека, тоа подразбира како се однесуваме додека чекаме.

Вистинската вредност на човекот не се мери во моментите на удобност и благосостојба, туку во времињата кои носат предизвици и контроверзии.

Промената не е неизбежна, туку се остварува преку непрекината борба.

Ние ќе се бориме да ја докажеме нашата невиност и ќе успееме еден ден во тоа иако ќе бидеме во затворот Идризово, нема предавање МАКЕДОНЦИ !!!

Македонија слободна ќе биде !!!

Збогум Шутка!

Порака од Јане Ченто преку неговата сестра,стои во статусот.

Јане Ченто досега своето извршување на казната го поминуваше во затворот ,,Шутка”, но сега е префрлен во Идризово, од каде истакна дека ќе се бори за правда.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.